Утрински Весник
Спорт

Само голови немаше во Мерсисајд дербито

Само голови немаше во Мерсисајд дербито

Евертон и Ливерпул освоија по еден бод во 241. Мерсисајд дерби. Блескаа голманите Џордан Пикфорд и Алисон Бекер. Во дербито имаше многу возбудувања и вистинско е чудо како мрежите мируваа.

dobivaj vesti na viber

Ливерпул не успеа да оствари трета последователна победа и сега е петти со девет бодови, додека Евертон е 14. на табелата со четири бода. Тимот на Френк Лампард се уште е без победа.

Фудбалерите на Евертон, преку Том Дејвис ја погодија стативата, а во 69.минута ВАР го поништи голот на Конор Коуди.

Во 43. минута, играчите на Ливерпул два пати ја погодија стативата, најпрвин Дарвин Нуњез, а потоа и Луис Дијаз.

На почетокот на вториот дел Ливерпул се закани преку Цимикас, а по контранападот чист шут имаше Мопај, кој од непосредна близина шутираше директно во Алисон.

Во 75.минута, ВАР не реагираше по остриот старт на Ван Дајк врз Онана. Холанѓанецот се извлече само со жолт картон.

Последната шанса на мечот ја имаше Мо Салах во 96.минута, неговиот удар Пикфорд го одбрани со помош на стативата.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет