Утрински Весник
Свет

Ердоган се понуди да посредува во решавањето на кризата околу Запорожје

Ердоган се понуди да посредува во решавањето на кризата околу Запорожје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска му предложи на рускиот колега Владимир Путин посредување на Турција за да помогне во решавањето на кризата околу украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е во рацете на руските сили.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот Ердоган рече дека Турција е подготвена да игра улога на посредник во однос на нуклеарната централа во Запорожје, како што тоа го направи за договорот за жито“, чиј извоз беше блокиран од војната“ – соопшти турското претседателство.

Ердоган денеска имаше телефонски разговор со Путин, пренесе агенцијата Франс прес.

Најголемата украинска и европска нуклеарна централа во Запорожје повторно беше исклучена од електричната мрежа рано утринава поради гранатирање што уништи клучна електрична линија и навлезе длабоко во колото на централата, објавија локалните власти поддржани од Русија, пренесе агенцијата АП.

Ова беше објавено помалку од еден ден по пристигнувањето на инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) во нуклеарната централа во Запорожје, која беше зафатена во неодамнешните жестоки борби меѓу руските и украинските сили.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија