Утрински Весник
Спорт

Обамејанг наредната недела ќе дебитира за Челси

Обамејанг наредната недела ќе дебитира за Челси

Челзи во последниот ден од преодниот рок го комплетираше трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона. Габонецот на „Стенфорд Бриџ“ пристигна за 12.000.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Обамејанг по само шест месеци се врти во Лондон, претходно четири сезони го носеше дресот на Арсенал.

Долго време се шпекулира кога Обамејанг ќе биде подготвен да дебитира за својот нов тим бидејќи има скршената вилица. Напаѓачот беше повреден во неделата, кога разбојнци го ограбија во неговиот дом.

„Ќе се обидеме со маска, но зависи од тоа колку време ќе биде потребно за да се направи маската. Потоа и Обамејанг треба да се навикне на маската. Денес нема да игра, можеби ќе игра во Загреб, но секако ќе игра против Фулам“, рече тренерот на Челзи.

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко