Утрински Весник
Свет

Шмихал: Украина подготвена да извезува струја во Германија

Шмихал: Украина подготвена да извезува струја во Германија

Украина планира да ја поддржи Германија во нејзините напори да ја прекине нејзината зависност од рускиот увоз на енергија и да и понуди на најголемата европска економија да ја снабдува со електрична енергија, според германските агенции.

dobivaj vesti na viber

„Украина моментално ја извезува својата електрична енергија во Молдавија, Романија, Словачка и Полска. Сосема сме подготвени да го прошириме нашиот извоз во Германија“, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал за ДПА.

„Имаме доволно електрична енергија во Украина благодарение на нашите нуклеарни централи“, рече Шмихал, додавајќи дека тој ќе го покрене ова прашање за време на посетата на Германија овој викенд.

Шмихал денеска треба да пристигне во Берлин, а во недела треба да се сретне со канцеларот Олаф Шолц.

Во средината на март, Украина ја синхронизираше својата електрична мрежа со европската мрежа. Оттогаш, Киев извезува меѓу 400 и 700 мегавати електрична енергија дневно во Европската унија и Молдавија, пренесува агенцијата.

Според ДПА, Шмихал сега сака да ги зголеми извозните квоти за ЕУ. „Тоа би било многу добро за двете страни. ЕУ би добила повеќе енергија, а ние би добиле девизи, кои ни се многу потребни“, рекол украинскиот премиер.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV ги повикува различните заедници во Либан на обединување за да ја надминат кризата

Белгиската полиција изврши претрес во ЕЕАС во рамки на истрага за злоупотреба на средства

Приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот во Хонг Конг, соопшти полицијата