Омилениот Кијану Ривс денес го слави својот 58. роденден, што беше повод некои медиуми да се потсетат на почетокот на неговата кариера и да откопаат стари фотографии и видео-снимки.
Појавувањето во реклама за Кока-Кола во 1983 година беше една од неговите први платени актерски работи. Во видеото Ривс глуми велосипедист кој треба да ја мине целта, а неговиот горд татко како награда му дава свежа Кока-Кола.
Од овие скромни почетоци, Ривс стана мегаѕвезда познат по неговите улоги во серијалите „Брзина“, „Инферно“, „Матрикс“, Џон Вик и други блокбастери.
Познат е како еден од најскромните и најхумани актери на денешницата.
Човек со големо срце – со текот на годините, Ривс ја доби титулата „Најдобриот човек на Холивуд“, најмногу поради приказните за неговите благородни дела кон обичните луѓе. Понекогаш тоа е едноставна ситница, како отстапување место на лице во метро или враќање на изгубена картичка од банка, но токму ваквите детали го прават добра личност со големо срце во очите на јавноста.
Приказните за Кијану како се дружи со бездомници, вози девојка на која ѝ се расипал автомобилот, упаѓа на свадба или се јавува на болна баба се само капка во океанот на неговата добрина.
И покрај фактот што јавноста сака вакви стории, Кијану останува многу скромен. Во текот на промоцијата на новиот филм The Matrix Resurrection минатата година, од него беше побарано да го коментира фактот дека е прогласен за најдобар човек во Холивуд, на што тој само се насмевна веројатно дека му беше незгодно – реакција што го прави уште поголема легенда.