Утрински Весник
Спорт

Дибиров и Чупиќ блеснаа за Загреб да влезе во финалето на СЕХА лигата

Дибиров и Чупиќ блеснаа за Загреб да влезе во финалето на СЕХА лигата

ППД Загреб е првиот финалист на регионалната СЕХА лига, откако го доби хрватското полуфинале против Нексе во Задар со 32:26 (16:11) и сега го чека подобриот од мечот помеѓу Еурофарм Пелистер и фаворизираниот Веспрем за шанса да ја освои својата втора титула и прва од 2013 година.

dobivaj vesti na viber

По израмнетиот старт, „плинарите“ поведоа со 10:6 и потоа постојано ја оддржуваа предноста за да не им дадат шанса на Нексе за било каков камбек.

Предводници на Загреб во нападот беа двајцата поранешни вардарци, Иван Чупиќ со 7 гола и Тимур Дибиров со 6 гола, додека кај Нексе, Мославац, Северец и Бакиќ имаа по 4 постигнати голови.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина