Британската кралица Елизабета Втора нема да присуствува на овогодинешниот „Бремар гетеринг“ во Шкотска, бидејќи има потешкотии со движењето, пренесе АП.
Кралицата (96) претходно одлучи официјално да се сретне со новиот британски премиер на 6 септември во замокот Балморал во Шкотска, каде што е на одмор, наместо да се врати во Лондон на традиционалната церемонија во Бакингемската палата.
Како што е најавено, најстариот син и наследник на Елизабета Втора, принцот Чарлс, ќе присуствува на тој собир, традиционален културен и спортски настан на кој редовно присуствува кралското семејство.
Британските медиуми денеска објавија дека ваквата одлука е донесена, бидејќи кралицата Елизабета од минатата година има потешкотии во движењето. Елизабета Втора го помина поголемиот дел од изминатите две години во замокот Виндзор, западно од Лондон, поради пандемијата.