Утрински Весник
Свет

Медведев: Ако ја ограничат цената на рускиот гас, нема да го има во Европа

Медведев: Ако ја ограничат цената на рускиот гас, нема да го има во Европа

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека едноставно нема да има руски гас во Европа доколку Европската унија наметне плафон на цената за него.

dobivaj vesti na viber

„Ќе биде како со нафта. Едноставно, нема да има руски гас во Европа“ – предупреди Медведев, реагирајќи на повикот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да се постават ограничувања на цената на рускиот гас што се испорачува во Европа, пренесува ТАСС.

Фон дер Лајен изјави дека оваа мерка е потребна „за да се запрат обидите на рускиот претседател Владимир Путин да манипулира со европскиот енергетски пазар“.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела