Утрински Весник
Магазин

Синот на Бритни Спирс: Би сакал повторно да ја видам, се надевам дека ќе разговараме нормално

Синот на Бритни Спирс: Би сакал повторно да ја видам, се надевам дека ќе разговараме нормално

Откако поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, претходно овој месец изјави дека нивните синови Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15) не сакаат да ја видат мајка им, Џејден изјави за британските медиуми дека и тој и Престон го сакаат само најдоброто за својата мајка.

dobivaj vesti na viber

Во серија интервјуа кои се уште не се емитувани, Џејден, како што пренесува весникот „Сан“, ѝ порачува на својата мајка: „Те сакам и ти посакувам само најдобро. Можеби еден ден ќе седнеме заедно и ќе разговараме нормално.”

Тој додава дека околината што таа ја создала не била погодна за него и неговиот брат. „Кога имаш 10 или 11 години, тогаш почнуваш да разбираш некои работи. Нема омраза таму… Навистина би сакал да ја видам повторно. Тоа би ме направило среќен, а и Престон.“

Момчињата моментално живеат во Лос Анџелес со нивниот татко и неговата сопруга Викторија Принс, поранешна одбојкарка. Тие не се појавија на венчавката на Бритни и Сем Асгари иако беа поканети.

„Едноставно не беше вистинското време за тоа. Не велам дека не сум среќен за неа. Среќен сум за нив, но таа не го покани целото семејство. Да отидевме само јас и Престон, тоа сигурно ќе завршеше со семејна кавга“, вели Џејден.

Бритни позира со синовите Џејден (лево) и Шон (десно) на стадионот „Доџер“ во 2013 година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста