Утрински Весник
Свет

Зеленски ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група

Зеленски ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група

Украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група, што се обидува да воспостави мир во источна Украина, се наведува во декрет објавен на неговата веб страница.

dobivaj vesti na viber

Благодарение на Контакт групата, составена од претставници на Русија, Украина, ОБСЕ, водени се преговори на различни нивоа во рамки на Нормандиската четворка – Русија, Украина, Германија, Франција, јави ТАСС.

Резултатот беше потпишување договор за патоказ за мирно решение и прекин на огнот во Донбас во септември 2014 и февруари 2015 година, познат како договорот од Минск.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците