Репрезентацијата на Шпанија ја декласира Бугарија во премиерниот натпревар на 41. европско првенство. Шпанците против Бугарија славеа со 114:87.
Бугарите солидно го отворија дуелот во Тбилиси, но индивидуалниот квалитет на „црвената фурија“ бргу дојде до израз.
Везенков и Стоилов држеа егал во првите пет минути, од тој момент Шпанците ја почнаа својата доминација. Имаа предност 28:17 во првиот период, полувремето го завршија со 57:35.
Во третата четвртина видовме нестварна шутерска кошарка од двете страни, Шпанија овој период го доби со 32:31.
Најефикасен во шпанската репрезентација беше Лоренцо Браун со 17 поени, Вили Ернангомез додаде 16, а најискусниот Руди Фернандез постигна 14 поени.
Кај Бугарија се истакна Везенков со 26 поени, Иванов постигна 16, а Костов мечот го заврши со 13 поени.
До крајот на денот во оваа А-група ќе играат Турција – Црна Гора и Грузија – Белгија.