Утрински Весник
Магазин

Новата серија-претходник на „Господарот на прстените“ носи женска приказна во прв план

Новата серија-претходник на „Господарот на прстените“ носи женска приказна во прв план

Морфид Кларк глуми во новата серија „Господарот на прстените: Прстените на моќта“ како Галадриел, жена воин која сака да го спречи злото да се врати во фантастичниот свет на Средната Земја.

dobivaj vesti na viber

Серијата-претходник на „Господарот на прстените“, најскапа серија на сите времиња, пристига на „Амазон прајм“ во петок (2 септември).

„Прстените на моќта“ доаѓа по речиси 20 години од последниот филм од трилогијата „Господар на прстените“ и треба да ги врати фановите во Средната земја

Кларк изјави дека нејзината улога како Галадриел ѝ дала можност да истражува акробации што ја покажуваат моќта на ликот што го глуми зад позадината на општество во кое доминираат мажи.

„Едноставно, полот не е ист во Средната Земја со тоа што играм лик кој може физички да го собори секој маж околу неа“, рече Кларк за време на едно интервју.

„Беше навистина интересно да се обидеме да отелотвориме некој со огромна физичка сила.“

Можете да прочитате

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина

Европскиот шампион во мотоциклизам Мијалков стана татко по втор пат

УКИМ на Startup Revolution AI Summit 2025 и претставување на европскиот проект TECHSIGHT