Утрински Весник
Магазин

Среќен роденден, Ричард Гир!

Среќен роденден, Ричард Гир!

Ричард Гир денес полни 73 години и во негова чест медиумите се навратија на неколку безвременски филмови на холивудската легенда.

dobivaj vesti na viber

Без разлика дали се работи за шармантото портретирање на богат човек со големо срце во „Убава жена“, урнебесниот лик во „Невестата бегалка“ или потресна изведба во „Хачико“, со текот на годините многумина уживаа во неговите филмови.

Од почетокот на 70-тите, маестралниот Гир ги воодушевува фановите со својата сестраност како актер и со филантропската работа со која се занимава во приватниот живот.

„Убава жена“ – Ричард Гир го глуми Едвард, богат претприемач, ја најмува Вивијан (Џулија Робертс), проститутка, да го придружува на неколку социјални настани. Проблемите настануваат кога тој ќе се вљуби во неа и тие се обидуваат да го премостат јазот меѓу нивните светови.

„Невеста бегалка“ – во овој филм, репортер од големиот град (Гир) се вљубува во девојка (Џулија Робертс) која има навика да бега од олтарот секој пат кога ќе реши да се венча.

„Хачико“ – оваа прекрасна емотивна приказна следи еден професор (Гир) кој наоѓа напуштено куче и го носи дома. Со тек на време, тој формира нераскинлива врска со кучето, дури и по неговата смрт.

„Неверна“ – Дајан Лејн ја портретира Кони, мажена жена, која налетува на Пол и се вљубува во него. Меѓутоа, кога таа води вонбрачна афера со него, Едвард (Гир), нејзиниот сопруг, станува сомнителен.

„Офицер и џентлмен“ – овој филм го следи ликот Зак, млад човек кој растел со својот пијан татко, а се стреми да стане пилот на морнарицата. Тој поминува низ ригорозен камп за обука и конечно наоѓа татковска фигура во наредникот Фоли.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста