Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара формирање на анкетна комисија за состојбите во енергетскиот сектор

ВМРО-ДПМНЕ бара формирање на анкетна комисија за состојбите во енергетскиот сектор

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе иницијатива до Собранието за формирање на анкетна комисија за разгледување на состојбите во енергетскиот сектор.

dobivaj vesti na viber

Формирањето на анкетната комисија го бараат со цел да се види што е преземено во изминатиот период за спречување на енергетската криза која што зема се поголем замав.

Тони Јаревски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека државите од цела Европа се подготвуваат за престојната зима која што според најавите ќе биде катастрофални ефекти врз секојдневието на граѓаните и условите за работа на компаниите. Рече дека цената за овој несериозен однос на нашите власти повторно ќе го платаат граѓаните на Македонија бидејќи нема нови антикризни мерки кои би ја ублажиле кризата.

„Повторно прогласување на нова енергетска кризна состојба како и досегашните ќе бидат или со мал или без никаков ефект за подобрување на животниот стандарт на граѓаните. Владата и оваа кризна состојба ќе ја искористи за делење на тендери во четири очи на новоформираните фирми за ископ и транспорт на јаглен блиски до власта. Наша обврска како пратеници е да вршиме надзор врз работата односно неработата на Владата, да провериме каде и како до сега се потрошени парите за ублажување на енергетската кризна состојба и како и каде се планираат да се потрошат парите за евентуално нова енергетска кризна состојба која ја најави власта“, рече Јаревски.

Тој образложи дека анкетната комисија што ја бараат да се формира во Собранието, ќе има за цел да донесе заклучоци за досегашното фукционирање на власта во овој сектор и да предложи заклучоци кои ќе треба да бидат патоказ за мерките и активностите кои Владата ќе ги превзема во иднина.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите колеги пратеници во Собранието да го поддржат нивниот предлог за формирање на комисијата бидејќи е во интерес на граѓаните.

Можете да прочитате

Уставниот суд оформил 71 нов предмет во второто тримесечје од 2025

УХМР: Утре попладне наместа нестабилно, во среда и четврток ќе биде многу топло

Николоски: Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид