Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Михаел Рот денеска во Македонија на средби со државниот врв

Михаел Рот денеска во Македонија на средби со државниот врв
Img 7972

Поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Михаел Рот, денеска доаѓа во посета на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Рот ќе биде примен од шефот на државата Стево Пендаровски, а треба да има средби и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Од собраниската прес-служба најавија дека Рот ќе има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

Пред да биде избран за пратеник во Бундестагот, Михаел Рот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

Рот последен пат беше во земјава во мај лани кога беше министер за Европа, а во пресрет на минатогодишниот јунски состанок на Советот на ЕУ за општи работи кога се правеа напори за усогласување на преговарачката рамка и почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму