Утрински Весник
Магазин

25 години „Нетфликс“: Компанија што испраќаше ДВД по пошта стана стриминг-гигант

25 години „Нетфликс“: Компанија што испраќаше ДВД по пошта стана стриминг-гигант

„Нетфликс“ ја бележи својата 25-годишнина.

dobivaj vesti na viber

Денес, најголемата услуга за видеостриминг во светот започна со испраќање ДВД-а на купувачите по пошта. Сега зафаќа повеќе од 15 отсто од светската интернет пропусност и има претплатници во повеќе од 190 земји. Како компанијата постигна таков неверојатен успех? Тоа беше долго патување полно со обиди и грешки, среќа и неверојатно добар тајминг.

„Нетфликс“ е основан во 1997 година од Рид Хестингс и Марк Рендолф во малиот калифорниски град Скотс Вали во округот Санта Круз. Хестингс рече дека идејата е поттикната од казната од 40 долари што ја добил откако го изнајмил филмот „Аполо 13“ од одамна пропаднатиот Blockbuster но го вратил со доцнење од шест недели. Еден ден додека вежбал во теретана, смислил услуга која овозможила да нарачате филм преку интернет и да го добиете по пошта.

Сепак, според Рандолф, оваа приказна не е вистинита и била само маркетиншка шега. Имено, во почетокот на 1997 година, Рид беше извршен директор на компанијата за која работеа, Pure Atria, а Марк беше нејзин потпретседател за корпоративен маркетинг. Бидејќи претстојното спојување со друга компанија ќе ги остави без работа и двајцата, Марк тврди дека Рид му рекол: „Ајде да смислиме идеја, ти можш да ја водиш, а јас ќе ја финансирам“.

Тие секој ден патувале од своите домови во Санта Круз до Силиконската долина, а Марк, кој сакал да започне нешто како „Амазон“, му понуди на Рид различни идеи за онлајн продавници. Му предложил да продаваат даски за сурфање, бејзбол палки по нарачка, персонализирана храна за кучиња и шампон.

Но одговорот на Рид на секој предлог бил дека тоа никогаш нема да успее. Тогаш Марк слушнал за нов интеесен производ измислен во Јапонија, наречен Ди-ви-ди. Тој сфатил дека овој изум наскоро ќе ги замени VHS лентите како стандард за гледање филмови дома. По малку размислување, Рид ја прифатил неговата идеја.

„Нетфликс“ е регистриран и основан на 29 август 1997 година со капитал од 1,9 милиони долари од Рид Хестингс, а подоцна овој капитал бил дополнет со други инвеститори. Хестингс стана мнозински сопственик на компанијата со 70% од акциите, а Марк Рендолф стана извршен директор и малцински сопственик.

По неколку итерации во првите неколку години, „Нетфликс“на крајот создаде успешен бизнис модел: услуга базирана на претплата без датуми на доспевање или доцни такси, со неограничен пристап до содржината по цена од 19,95 долари. Имаше и „нарачка за испраќање“ каде што претплатниците го одредуваа редоследот по кој ДВД-а им се испраќаа по пошта.

Стримингот ги лансираше меѓу најуспешните компании во светот.

Пресвртната точка за компанијата дојде во 2007 година кога лансираше услуга за стриминг, доставувајќи содржина директно до телевизорите, компјутерите и таблетите преку услугата Watch Now. Стримингот првпат беше воведен во Канада, а во 2010 година во САД.

Стримингот се покажа како полн погодок, а во 2012 година, Нетфликс почна да произведува оригинална содржина. Неговата прва серија беше Lilyhammer, а една година подоцна го продуцираа нивниот прв голем хит – серијата House of Cards („Куќа од карти“) со Кевин Спејси во главната улога.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста