Утрински Весник
Македонија

Пожарникарите спасија над 20 лица, рече Арсовска

Пожарникарите спасија над 20 лица, рече Арсовска

Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица, истакна вечерва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

dobivaj vesti na viber

Арсовска која раководеше со кризниот штаб поради невремето истакна дека во моментов, екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања.

„Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен и ќе останат се до целосно санирање на проблемите на критичните места и до нормализација на состојбата“, истакна Арсовска.

Најави дека вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за проблемите со материјалните штети, но ќе се бара и одговорност за несоодветната инфраструктура која, како што рече, допринела за штети на градските булевари.

Невремето кое попладнево го зафати Скопје беше проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар и наноси на лисја и отпад и предизвика поплави на повеќе места низ градот.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?