Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Со 120 милиони денари ќе се гради нов објект на кумановската гимназија „Сами Фрашери“

Со 120 милиони денари ќе се гради нов објект на кумановската гимназија „Сами Фрашери“
Img 7972

Владата на седница донесе одлука гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово да добие нов училиштен објект.

dobivaj vesti na viber

Како што информираа од владината прес-служба, со тоа Владата и Министерството за образование и наука ќе го решат деценискиот проблем на недостаток на соодветен објект за квалитетен воспитно-образовен процес, со кој се соочуваат учениците и вработените во ова средно училиште.

Планирана е изградба на целосно ново училиште кое ќе се изгради за најмногу три години отсега и ќе чини околу 120 милиони денари.

Со Владината одлука се предвидуваат средства во износ од 50 милиони денари во буџетот на МОН за 2023 година и дополнителни 70 милиони денари во 2024 година.

Објектот ќе биде изграден на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, лоцирано во поранешната кумановска касарна.

„Досега, учениците, со години посетуваат настава во адаптирани простории на ЗИК „Куманово“, коишто воопшто не ги исполнуваат стандардите за реализација на образовната дејност. Општина Куманово ја завршува процедурата за изработка на архитектонско-урбанистички проект, а по одобрување на истиот ќе започне со изработка на основен проект за изградба на нов училиштен објект“, велат од Владата.

МОН ќе ја спроведе постапката за избор на економски оператор за изградба и надзор над градежните активности.

Дополнително, за оваа општина со измени на програмите за капитални инвестиции на МОН годинава се обезбедуваат и околу 15 милиони денари со кои ќе се реконструира кровот на објектот во кој се лоцирани основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ каде поради дотраеност при неповолни временски услови се попречува наставата.

 

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму