Утрински Весник
Македонија

Заглавени се патници во автомобили кај Континентал и Бит Пазар, невремето откорна кров на петкатница во Кисела Вода

Заглавени се патници во автомобили кај Континентал и Бит Пазар, невремето откорна кров на петкатница во Кисела Вода

Под подвозникот кај хотел Континентл заглавени се четири автомобили, со патници меѓу кои и деца, а поплавена е улицата и кај подвозникот на Бит Пазар, пришто заглавени се неколку автомобили и едно кобе, со вкупно петнаесеттина луѓе. Како што информираа од Центарот за управување со кризи ним во моментов им се помага од страна на службите според приоритет.

dobivaj vesti na viber

Од она што досега е познато, граѓанин, од улицата Киро Крстевски пријавил дека кровот од зградата на пет спрата е откорнат и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот. За ова се известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.

„При невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат пријави од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи“, информираат од ЦУК.

Градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб.

Можете да прочитате

Арсовска го тепала командантот Барути, тврди Меџити

Мицкоски: Сакаме да бидеме членки на ЕУ, но не по секоја цена

Отворена е истрага за заканите кон известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц