Утрински Весник
Македонија

Поплавени улици, оштетени возила и откорнати дрвја – невремето направи штети во Скопје

Поплавени улици, оштетени возила и откорнати дрвја – невремето направи штети во Скопје

Поплавени улици, откорнати дрвја, уништени автомлобили. Ваква е сликата во Скопје кое е зафатено е силно невреме проследено со интензивни врнежи, грмежи, ветер и град.

dobivaj vesti na viber

Силното невреме го поплави булеварот „Јане Сандански“, но и автомобили кои возеле во моментот кога силен град и дожд паѓаа во овој дел од Скопје. Сообраќајот е делумно блокиран.

Засега е познато дека има материјални штети, откорнати дрвја, а во делови од Скопје оштетени се и возила.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на повеќе места во земјава е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во моментов јадра со поизразена нестабилност има и околу Штип, Велес, Демир Хисар и Св. Николе.

Можете да прочитате

Тетка пријавила во полиција повреди и опекотини на нејзиното двегодишно внуче

За еден ден преполовен бројот на прекршоци, „Безбеден град“ вчера регистрирал нови 50.652, “жешки точки“ излез од Скопје кон Тетово и на булевар „Никола Карев“

Милошоски: Анкетната комисија има за цел неселективно утврдување на пропустите за сите трагедии и спречување на идни