Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед го завршува „пазарот“ од 227 милиони фунти, Де Јонг ќе почека

Манчестер јунајтед го завршува „пазарот“ од 227 милиони фунти, Де Јонг ќе почека

Со потврдениот трансфер на Антони од Ајакс и пристигнувањето на позајмица на голманот Мартин Дубравка од Њукасл, Манчестер јунајтед го завршува летниот „пазар“ на играчи со фантастични 227 милиони фунти, но без главната цел, миленикот на менаџерот Ерик Тен Хаг, Френки де Јонг, за кого ќе почекаат подобри денови.

dobivaj vesti na viber

И покрај критиките на навивачите кон газдите, американското семејство Глејзери, Тен Хаг доби најмногу пари во еден преоден рок од било кој претходен менаџер на „ѓаволите“, пополнувајќи „дупки“ во тимот со потписите на Тајрел Маласија, Кристијан Ериксен, Лисандро Мартинез, Касемиро, Антони и Дубравка, иако уште постојат „проблематични“ позиции, како десен бек и напаѓач. Се верува дека интересот на Тен Хаг и Јунајтед за Де Јонг останува.

Оле Гунар Солскјер беше менаџерот кој претходно доби најмногу пари во еден преоден рок, откако во 2019 потроши 153 милиони фунти, од кои голем дел отидоа кај Лестер за потписот на Хери Мегваер.

Можете да прочитате

Халанд: Не очекував дека толку брзо ќе дојдам со 100-тиот гол

Милевски упати благодарност до сите фудбалери, кои покажаа што значи да се игра за Македонија

Лазаров повика 35 ракометари за подготовките за ЕП 2026