„Мислам на неа секој ден,“ сподели Изабела Роселини во понеделникот, роденденот на нејзината славна мајка, ѕвездата на „Казабланка“, Ингрид Бергман.
Со емотивната објава на Инстаграм, Изабела ѝ оддаде почит на холивудската легенда по повод 107-годишнината од нејзиното раѓање.
Изабела (70) сподели црно-бела фотографија од својата сакана мајка, и напиша: „Maма #ингридбергман е родена денес, 29 август 1915 година и почина на истиот ден во 1982 година. Ми недостига и мислам на неа секој ден“.
Актерката од „Земјата на соништата“, која во младоста многу личеше на нејзината славна мајка, имаше 30 години кога холивудската икона почина од рак на дојка на 67-годишна возраст.
Во интервју за „Пипл“, актерката од „Синиот сомот“ размислува што би сакала да ѝ каже на жената што ја порасна и ја воспитуваше.
„Кога би можела да ѝ кажам нешто на мама, би рекла: ти благодарам, секој ден мислам на тебе“, рече Изабела. „Кога луѓето ќе починат, врската со личноста останува во моментот кога тие починале. Оваа врска најчесто не еволуира. Но, за мене, како што минува времето сфаќам дека уште повеќе ја разбирам мама. Восхитот кон неа се зголеми.“
Холивудската икона, родена на 29 август 1915 година, почина од рак на дојка на нејзиниот 67. роденден во 1982 година.
Шведската убавица го освои првиот од трите „Оскари“ за филмот Gaslight, психолошки трилер за една млада жена чиј сопруг ја манипулира да верува дека го губи умот и полудува.
Потоа се редеа успесите на една од најубавите жени и најголеми актерки на сите времиња.
Ингрид реши да им пркоси на општествените конвенции кога го напушти својот сопруг, неврохирургот Петер Линдстром, откако се заљуби во режисерот Роберто Роселини во 1950 година.
Ова предизвика голем скандал и остри осуди од говорницата на Сенатот на САД во март 1950 година. Сенаторот Едвин Џонсон од Колорадо, тврдеше дека таа „извршила напад врз институцијата брак“ и отиде дотаму што ја нарече „моќно влијание на злото“.
„Казабланка“ – Ингрид глуми жена растргната помеѓу должноста и љубовта во класикот „Казабланка“ од 1942 година, со Хемфри Богарт како втор главен протагонист.
Трејлер за култниот „Казабланка“