Утрински Весник
Спорт

Ван Бастен: Одигра смао неколку добри натпревари, Антони не вреди 100 милиони евра

Ван Бастен: Одигра смао неколку добри натпревари, Антони не вреди 100 милиони евра

Манчестер јунајтед го реализира вториот најскап трансфер во клупската историја. За 100.000.000 евра од Ајакс пристигна Антони. Повеќе пари за нов играч Манчестер јунајтед потроши само за Пол Погба, чии трансфер во 2018 година изнесуваше 105.000.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Трансферот на Антони предизвика реакции, што и можеше да очекува. Многумина се сомневаат дека тој вреди за тие пари. Еден од ние е легендарниот Марко ван Бастен.

„100 милиони евра за Антони? Не, далеку е од тоа“, изјави Ван Бастен за „Зиго спорт“ на прашањето дали 22-годишниот Бразилец вреди толку пари.

Антони има постигнато 24 гола и 22 асистенции на 82 настапи за Ајакс од 2020 година, а има освоено две титули во холандското првенство и еден холандски куп додека играше под водство на Ерик тен Хаг, актуелниот менаџер на Манчестер јунајтед.

„Антони досега не покажа многу. Секако дека одигра неколку добри натпревари, но неговата ефикасност во последните две години не беше висока“, изјави Ван Бастен, кој пред две години го критикуваше Ајакс кога за Антони на Сао паоло им платија 25.000.000 евра.

„Во Ајакс имаат голема уста, постојано велат дека нашата младинска академија е одлична. А потоа купуваат млад играч за големи пари. Тука нешто не е во ред. Ако клубот се пофали дека нашата академија е толку голема, тогаш е смешно да оди во Бразил и купи млад играч за 25 милиони евра“, изјави тогаш Ван Бастен.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина