Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Интегрирани полициски системи за управување и евиденција на оружје МЕИДА и СРУО

Спасовски: Интегрирани полициски системи за управување и евиденција на оружје МЕИДА и СРУО

„Интегрирани полициски системи за управување и евиденција на оружје МЕИДА и СРУО – ефикасни дигитални алатки на МВР во борбата против нелегалната трговија и незаконското поседување оружје, а кои се во насока на обезбедување дигитализација и унапредување на оперативните процеси, како и побрза институционалната размена на информации, согласно европските стандарди.

dobivaj vesti na viber

▶️МЕИДА (Модул на евиденција за инциденти, документи и активности поврзани со оружје)
Воспоставување на Интегриран полициски систем во кој во почетната фаза ќе се евидентираат инциденти, документи и активности на полицијата поврзани со оружје. Системот е поврзан со централниот систем на МВР, со заедничките номенклатури, со системот за регистрирање и управување со оружје, со лични документи, со матичен број, со моторни возила и со централниот веб портал на интерни апликации на МВР.

▶️СРУО (Систем за регистрирање и управување со оружје)

Воспоставен е нов систем за регистрирање и управување со оружје. Опфатени се физички лица (издавање на одобренија и дозволи за оружје) и правни лица (контрола над магацини, стрелишта и продавници). Со овој проект во секој момент може да се утврди состојбата со залихите во магацините за оружје, мониција и експлозивен материјал на правните лица.

Преку редовна набавка на IT опрема, како и преку донации од нашите партнери УНДП обезбедена е компјутерска опрема која овозможува поефикасно следење и контрола на малото и лесно оружје во државата, компјутери, принтери за дозволи на оружје и скенери, кои се распоредени во Секторите за внатрешни работи и полициските станици, со цел непречено и поефикасно функционирање на информацискиот систем на МВР.

Ја модернизираме полицијата, го надградуваме соодветниот софтвер за следење и контрола на малото и лесно оружје и, секако, се одржуваат обуки за вработените во МВР кои во пракса ќе работат во овој безбедносен сегмент. На тој начин, нашата борба против криминалот и нелегалната трговија со оружје е поефикасна и верувам дека ќе придонесе за зголемување на нивото на безбедност на граѓани“ напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Филипче: Буџетот не е социјален, ниту развоен, не ги поддржува ранливите групи и нема капацитет да издржи криза

Сите камери на МВР сега мапирани: Апликацијата ги покажува локациите