Утрински Весник
Магазин

Нетфликс ја откажа „Притаено зло“ по првата сезона

Нетфликс ја откажа „Притаено зло“ по првата сезона

Resident Evil („Притаено зло“), оригиналната серија во продукција на „Нетфликс“ базирана на серијалот видео игри, е откажана по само една сезона.

dobivaj vesti na viber

Одлуката доаѓа шест недели по премиерата на серијата на 14 јули и откако извештаите на стримерот покажаа дека нема долг рок на траење кај гледачите.

Дејствието е сместено во 2036 година, 14 години откако смртоносен вирус предизвикал глобална апокалипса. Приказната се фокусира на една млада жена (Ела Балинска) која се бори за опстанок среде орди на зомби и други чудовишта.

Во сендвич меѓу дебијата на Stranger Things 4 и The Sandman, научнофантастичната серија Resident Evil дебитираше на второто место со 72,7 милиони часови гледање во првиот викенд, но падна на третото место во втората недела, пред да испадне од топ-10 по само три недели.

Можете да прочитате

Европскиот шампион во мотоциклизам Мијалков стана татко по втор пат

УКИМ на Startup Revolution AI Summit 2025 и претставување на европскиот проект TECHSIGHT

Прославата „Свадбена ноќ“ на духовниот учител Руми ќе привлече десетици илјади посетители во Коња во Туркије