Утрински Весник
Македонија

Османи се заблагодари за францускиот ангажман за надминување на блокадата за ЕУ

Османи се заблагодари за францускиот ангажман за надминување на блокадата за ЕУ

На маргини на Бледскиот стратешки форум, денес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со државната министерка за Европа во француското Министерство за Европа и надворешни работи на Франција, Лоранс Бун.

dobivaj vesti na viber

Османи ѝ честита по повод преземањето на функцијата и ѝ посака успех во работењето, со уверување дека ќе даде значаен придонес во натамошниот развој на билатералните односи и продлабочување на соработката, особено на полето на евроинтеграциите.

Во фокус на разговорите беше нашиот евроинтегративен процес во светло на отпочнатите пристапни преговори, при што соговорниците заклучија дека Европската унија испрати силна порака дека интеграцијата на регионот го смета за прашање од геостратешки интерес.

Министерот Османи изрази благодарност за ангажманот на францускиот претседател Макрон и на француското претседателство со Советот на ЕУ за надминување на блокадата на нашиот евроинтегративен пат, што ја покажува посветеноста на Франција на европската перспектива на нашата држава.

Можете да прочитате

Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на Граничниот премин Блаце

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Муцунски: Во 21-ви век нема место за национализам во Европа – идентитетот е основно човеково право и не е тема за преговарање