Утрински Весник
Македонија

Ковачевски до косовскиот амбасадор: Поддршка за натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина

Ковачевски до косовскиот амбасадор: Поддршка за натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со Флоријан Ќехаја, новиот амбасадор на Република Косово во земјава.

dobivaj vesti na viber

На состанокот е констатирано дека Северна Македонија и Косово имаат пријателски и конструктивни билатерални односи, базирани на дијалог и без отворени прашања.

Заеднички е оценето дека определеноста и на Северна Македонија и на Косово, кон развој на добрососедските односи е значајно за напредокот на целиот регион.

Во таа насока, премиерот Ковачевски го поздрави постигнатиот договор околу документите помеѓу Косово и Србија и соопшти дека нашата држава поддржува натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина со цел нормализирање на односите и со тоа гарантирање на мирот, стабилноста, безбедноста на целиот регион.

На средбата се поздравени напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграциите и почетокот на преговорите, по членството на НАТО, како и политиките на премиерот Ковачевски и на Владата кон перспективи на граѓаните и на државата.

На состанокот е разговарано за унапредување на соработката меѓу двете држави во процедурите за гранични олеснувања и за други актуелни прашања, како што се состојбите во енергетиката.

Исто така разгледани се можностите околу терминот на одржување на втората меѓувладина седница помеѓу Северна Македонија и Косово во текот на 2022 година.

Премиерот Ковачевски му посака на амбасадорот Ќехаја успешен мандат.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари