Утрински Весник
Македонија

Бочварски: Започнуваме реализација на цевковод за водоснабдување во општина Новаци

Бочварски: Започнуваме реализација на цевковод за водоснабдување во општина Новаци

„Како централна власт продолжуваме да инвестираме значајни средства во локалните самоуправи, даваме поддршка на сите општини за реализација на инфраструктурни проекти со кои директно го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од Новаци, каде денеска започнуваат градежните работи за изведба на цевковод за водоснабдување на населените места Бач и Живојно.

dobivaj vesti na viber

Тој потенцираше дека станува збор за голем комунален проект чија целосна проектна документација и проектирање е изработено од страна на Министерството за транспорт и врски и опфаќа повеќе фази.

Со овој проект во прва фаза се опфаќа изградба на доводни цевководи, заедно со пумпни станици и доградба на резервоарот за населените места Бач и Живојно. Рокот за изведба на проектот е 6 месеци.

„Денеска сме наоѓаме тука во Бач каде започнуваме со градежни активности за изградба на цевковод за водоснабдување на населените места Бач, Брод, Живојно и Добровени. Проектот е комплетно проектиран во Министерството за транспорт и врски и денеска започнува реализацијата на првата фаза. Инвестираме средства во висина од 27,5 милиони денари, од кои 26,2 милиони денари се преку буџетот на Министерството, а и општина Новаци учествува со свои средства во висина од 1,3 милиони денари. Како поранешен градоначалник знам колку е битна поддршката од централната власт, особено за вакви крупни инфраструктурни проекти кои решаваат значајни прашања за локалното население“ – изјави Бочварски.

Можете да прочитате

Министерот за животна средина отсутен, новинарите го бараа на вонредниот пресс

‘Дали ми е срам? Не’ вели Тошковски за катастрофалните пожари

Тошковски: Три лица повикани на информативен разговор по пожарот во Трубарево