Утрински Весник
Спорт

Гвардиола потврди, Силва ќе остане во Сити

Гвардиола потврди, Силва ќе остане во Сити

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола објави дека Бернардо Силва одлучил да остане во редовите на англискиот шампион, пренесуваат британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Силва наводно имал понуда од Барселона, но по разговорот со Гвардиола решил и оваа сезона да игра за клубот од Манчестер.

„Бернардо Силва останува во Манчестер сити. Тој е незаменлив, може да игра на три, четири или пет позиции“, изјави менаџерот на Манчестер сити.
28. годишниот Португалец пристигна во Манчестер сити во 2017 година од Монако. За англискиот клуб има одиграно вкупно 256 натпревари во сите натпреварувања на кои има постиганот 50 голови. Оваа сезона за Манчестер сити постигна два гола на пет натпревари.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина