Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со денови молк за изборите, Мицкоски зашеметен од изборниот пораз

СДСМ: Со денови молк за изборите, Мицкоски зашеметен од изборниот пораз

Со денови молк од Христијан Мицкоски за резултатот од вонредните локални избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл. Зашеметен од шамарот што го доби од граѓаните, драстичниот пад на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ и изборниот пораз на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на партијата е Димитар Ковачевски, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Ниту збор од Мицкоски за тоа што со разлика од 1.300 гласа беше поразен нивниот кандидат за градоначалник на Маврово Ростуше, кој воедно е член на Извршниот комитет на партијата.

Ниту збор од Мицкоски за тоа што не успеа да ги блокира изборите во Центар Жупа и победи кандидат на коалицијата предводена од СДСМ.

Двојната победа на СДСМ и коалицијата во Центар Жупа и Маврово Ростуше и значителниот пад на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ во Тетово покажаа дека граѓаните не сакаат деструкции и блокади, туку напредок, развој, европска држава и европски вредности.

Затоа е молкот на Мицкоски, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Демонстрантите во Непал го запалија Парламентот

Ангелов: Пожарот на „Дрисла“ не е алармантен, но гасењето е отежнато поради запалливи гасови

Средби на министерот Муцунски со Генералниот секретар на ПССЕ, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на СЕ, Томаш Бочек