Утрински Весник
Свет

Пронајден експлозив во парк во Шведска, уапсени се неколку лица

Пронајден експлозив во парк во Шведска, уапсени се неколку лица

Стокхолмската полиција соопшти дека уапсила неколку лица откако минатата недела во парк во главниот град на Шведска беше пронајден експлозив и дека истрагата продолжува.

dobivaj vesti na viber

Полицијата не соопштува детали за потенцијалната цел или мотив, но наведува дека засега нема сомнеж дека се работи за терористички напад.

Во неделата, на 21 август, полицијата уништи торба со експлозив во паркот, кој беше едно од местата за фестивалот на културата.

– Од неделата интензивно работиме со големи ресурси и со сето стручно знаење што го поседуваме – соопшти вечерва стокхолмската полиција.

Отворена е прелиминарна истрага додека опасниот објект се анализирал во Националниот центар за форензика за да се утврди, меѓу другото, неговата функционалност.

– Засега не знаеме кога ќе биде завршена анализата – соопштија од полицијата,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик