Утрински Весник
Свет

Аргентинскиот претседател добил смртни закани

Аргентинскиот претседател добил смртни закани

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез изјави дека добил смртни закани и дека поднел кривична пријава во полиција.

dobivaj vesti na viber

„ Добив смртни закани. Полицијата си ја врши работата“, изјави претседателот за радио „Дестапе“.

Тој додаде дека не сака да открива премногу детали за да не ја попречува истрагата.

Во последниве години, Аргентина се бори со сè поголеми немири поради зголемената инфлација. Граѓаните бараат Владата да интервенира и да ги зголеми платите и надоместоците за невработените, бидејќи во оваа земја околу 40 отсто од населението е под прагот на сиромаштијата поради економската криза.

Можете да прочитате

Аксиос: САД и Иран блиску до потпишување меморандум за крај на војната

Ученик уби две лица во училиште во Бразил

Трамп: Ја паузираме операцијата „Проект слобода“