Утрински Весник
Спорт

Еурофарм Пелистер по пенал-драмата влезе во Ф4 на СЕХА лигата

Македонија, сепак, ќе има претставник на Фајнал фор турнирот од СЕХА лигата во Задар, откако Еурофарм Пелистер во одличен меч пред расположена публика по изведувањето на пенали стигна до 27:26 победа над белорускиот Мешков Брест.

dobivaj vesti na viber

Откако Вардар загуби од Нексе исто така на пенали ,  битолчани требаше да ја спасуваат македонската ракометна чест против сериозен противник, и го искористија тоа со одлична игра од почеток до крај на неизвесниот меч во салата „Боро Чурлевски“. Пелистерци ја имаа победата во свои раце во регуларните 60 мнути, но примија гол во последната секунда, приморувајќи повторно пенал-завршница.

Херој на Пелистер беше голманот Урбан Лесјак, кој го одбрани клучниот пенал на најдобриот ракометар на Брест, Микалај Аљохин.

Во полуфиналето во Задар, Пелистер ги чека вистински предизвик – унгарскиот гигант Веспрем, додека во второто (хрватско) полуфинле играат ППД Загреб и Нексе Нашице.

Фото: СЕХА Лига

Можете да прочитате

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник