Утрински Весник
Свет

Во Киев сменети се имињата на 95 улици

Една од главните улици во Киев сега се нарекува Лондон, додека другата беше наречена Преродба на Украина.

dobivaj vesti na viber

Оваа идеја произлезе кога претседателот Володимир Зеленски вчера, на Денот на независноста на Украина, рече дека земјата е „преродена“ откако Русија ја нападна.

Киев, главниот град на Украина, денеска ги смени имињата на 95 улици како дел од акцијата за „прочистување“ на руските и советските имиња, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

„Новите имиња треба да го овековечат сеќавањето на значајните историски настани на Украина, како и на познати личности и херои кои ја прославија Украина и се бореа за независноста на нашата земја“ – рече Кличко на Телеграм, пренесе „Ројтерс“.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик