Утрински Весник
Спорт

Драматична победа над Данска на стартот на преткфаливикациите за Евробаскетот 2025

Dik 300x250 mk

Македонската кошаркарска репрезентација благодарение на Ненад Димитријевиќ стигна до драматична  73:70 победа над Данска во Нествед, на стартот на претквалификациите за Европското првенство во 2025, откако пропуштија големо водство на стартот на второто полувреме.

dobivaj vesti na viber

По лошиот старт на мечот, македонските кошаркари во првиот меч на селекторот Александар Јончевски, ја презедоа контролата на мечот, за на полувреме да имаат 34:29 водство. Меѓутоа, пред стартот на последната четвртина, Данците успеаја да израмнат на 55:55, а потоа и да дојдат до водство од четири поени (66:62). Димитријевиќ успеа да израмни на 70:70, а потоа по неуспешниот напад на домаќините, со тројка да го реши победникот.

За три дена, македонските кошаркари ја пречекуваат Словачка во Скопје, откако тие загубија убедливо со 87:68 од Норвешка. Само првопласираниот во групата оди во квалификациите.

ПРЕTКВАЛИФИКАЦИИ, ЕВРОБАСКЕТ 2025, ГРУПА Д

Данска – Македонија 70:73 (18:14, 11:20, 26:11, 15:18)
Словачка – Норвешка 68:87 (20:21, 13:21, 23:24, 12:21)

Фото: ФИБА

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-68785-39857”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс