Утрински Весник
Свет

Короната уби милион луѓе во светот од јануари годинава

Ковид пандемијата убила милион луѓе во светот од јануари годинава, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО), која ги повикува владите да ја забрзаат вакцинацијата бидејќи една третина од светската популација не е вакцинирана.

dobivaj vesti na viber

„Од почетокот на годината ја надминавме трагичната бројка од еден милион смртни случаи поради Ковид-19“ – рече на прес-конференција генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус.

Тој ги повика владите на сите земји да ги удвојат напорите за вакцинирање на сите здравствени работници, стари лица и загрозени лица со цел вкупната стапка на вакцинација да биде 70 отсто.

Во јануари оваа година, СЗО, Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) и нивните партнери воспоставија Партнерство за снабдување со вакцини за Ковид-19 (CoVDP) за да се забрза распределбата на дозите во 34 земји со стапка на вакцинација под 10 проценти, од кои сите се во Африка, освен шест од нив.

Тедрос изрази задоволство што само десет земји имаат стапки на вакцинација под 10 проценти.

„Но, имаме уште многу работа“ – рече тој.

Најновите статистички податоци на СЗО покажуваат дека пандемијата на Ковид-19 е одговорна за 6,45 милиони смртни случаи ширум светот откако се појавија првите случаи на крајот на 2019 година во провинцијата Вухан во Кина.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија