Утрински Весник
Свет

Зеленски разговараше со Бајден и му се заблагодари за помошта

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека имал одличен разговор со неговиот американски колега Џозеф Бајден и му се заблагодарил за безрезервната поддршка.

dobivaj vesti na viber

„Благодарен сум на американскиот претседател што му помогна на украинскиот народ, како на полето на безбедноста, така и на полето на финансиите. Разговаравме за понатамошни чекори на патот кон победата над агресорот и важноста Русија да биде одговорна за воените злосторства“ – напиша Зеленски на Твитер.

Овој разговор доаѓа еден ден откако Бајден објави одлука за нова воена помош за Украина вредна близу три милијарди долари, вклучувајќи противвоздушни ракети, артилерија, дронови и радари, потсетува „Гардијан“.

Новиот пакет е најскапата американска воена помош за Киев досега, со што вкупната помош на администрацијата на Бајден за Киев е над 13 милијарди долари.

 

 

Можете да прочитате

Мерц нема да биде дел од церемонијата на Комитетот за мир во Давос

Американскиот министер за трговија со остри критики кон Европа

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи