Утрински Весник
Свет

Лајчак: Мора да се спроведат сите договори, вклучително и Договорот за слобода на движење

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

dobivaj vesti na viber

По средбата Лајчак се огласи на својот Твитер профил и истакна дека имал тешка, но одговорна дискусија со претседателот Вучиќ.

„Имав тешка, но одговорна дискусија со претседателот Александар Вучиќ. Ги пренесов пораките и нагласив дека мора да се спроведат сите договори од дијалогот, вклучително и Договорот за слобода на движење од 2011 година. Ќе продолжиме со нашите разговори подоцна вечерва“ – рече Лајчак.

Можете да прочитате

Шведска ќе изнајмува ќелии од Естонија поради пренатрупаност на своите затвори

Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија

Лавров се сретна со севернокорејскиот лидер