Утрински Весник
Спорт

Бремената сопруга на Надал примена во болницa

Сопругата на Рафаел Надал, Чиска Перелјо била примена во болница во Палма де Мајорка во 31. недела бременост и може да оди на операција во следните денови, јавуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според „Диариоде Мајорка“, Перелјо може да биде подвргната на операција уште денеска, додека нејзиниот сопруг е во САД каде што се подготвува за последниот гренд слем од сезоната. Покрај сопругата на Надал е неговата сестра, Марибел, како и неговите родители.

Надал го почнува САД опен со две од трите гренд слем титули во 2022 и како главен фаворит кај обложувалниците.

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0