Утрински Весник
Свет

ОН го повикаа Путин да ја прекине војната: Тој одлучува – нуклеарна катастрофа или мир

Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права, Мишел Башел, денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги запре вооружените напади врз Украина. Таа нагласи дека нуклеарната централа Запорожје мора да се демилитаризира.

dobivaj vesti na viber

„Меѓународната заедница мора да инсистира на документација за еден ден да може да ги докаже воените злосторства“, рече Башел во говорот по повод крајот на нејзиниот мандат, пренесува „Ројтерс“.

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на левиот брег на реката Днепар, во близина на градот Енергодар, таа е најголемата нуклеарна централа во Европа и од март е под контрола на руските сили. Останува блиску до линијата на фронтот и е под постојано гранатирање во последните недели, што предизвикува страв од нуклеарна катастрофа.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа на нуклеарната централа.

Можете да прочитате

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела

Руски напад во близина на Киев, најмалку 27 мртви