Утрински Весник
Свет

(Видео) Американци фатени како крадат нафта од Сирија, снимени колони цистерни

Кинеската новинска агенција Ксинхуа објави видео на кое се гледа бескрајна колона цистерни кои превезуваат нафта од Сирија до американската база во Ирак.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, цистерните со нафта биле наполнети во североисточната сириска провинција Хасака, а нафтата била наменета за американските воени бази лоцирани во соседен Ирак.

„ Со тоа, САД не само што крадат нафта од Сирија, туку го уништуваат целиот економски синџир во таа земја разурната од војна“, наведува кинеската агенција.

Провинцијата Хасака е всушност најбогата со нафта, но и со житарки.

Сириското Министерство за нафта објави дека Америка, како и странските платеници, крадат околу 66.000 барели нафта дневно, што е во просек околу 80 отсто од вкупниот извоз на сириска нафта.

Во исто време, се наведува во видеото, Сиријците секојдневно се соочуваат со недостиг на гориво на бензинските пумпи и се принудени да чекаат во редици за да ги наполнат резервоарите на своите возила.

Сириски експерти ги обвинија САД за сериозно кршење на правата во Сирија од 2014 година, наведувајќи дека под изговор дека се бори против сирискиот режим и Исламска држава, Америка краде огромно количество нафта секој ден, но и намерно ги поткопува сите напори на Сирија да го врати земјоделството со воведување санкции врз нив. Сиријците во овој период умираат од глад.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV ги повикува различните заедници во Либан на обединување за да ја надминат кризата

Белгиската полиција изврши претрес во ЕЕАС во рамки на истрага за злоупотреба на средства

Приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот во Хонг Конг, соопшти полицијата