Утрински Весник
Свет

Најмалку 22 лица загинаа во рускиот напад на железничка станица во Чаплин

Најмалку 22 лица загинаа во руски ракетен напад на железничка станица, во кој изгоре патнички воз во украинскиот град Чаплин, соопштија властите во Киев, а пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со денови предупредува дека Москва би можела да се обиде да направи „нешто особено сурово“ на денот кога Украина ја одбележа 31-годишнината од независноста и во текот на оваа недела, наведува британската агенција.

Зеленски во еден момент го процени бројот на ранетите на околу 50, а неговиот заменик-началник на кабинетот подоцна објави дека во нападот, во кој беа погодени пет вагони од патнички воз, се повредени 22 лица.

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп оптимистички настроена околу постигнување договор за прекин на војната во Украина

Макрон: Само Украина може да одлучува за своите територии

Сијарто: Унгарија води суверена политика