Утрински Весник
Свет

Нов руски напад во Украина, Зеленски тврди дека има жртви

Русија истрела ракети врз железничката станица во областа Днепропетровск во централна Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„ Вака изгледа нашето секојдневие и вака Русија се подготви за оваа седница на Советот за безбедност на ОН“, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски за време на неговото видео обраќање на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина, пренесува „Ројтерс“.

Според него, во ракетните напади има и мртви и повредени, а не е познат конечниот број на жртви од руските акции во областа Дњепропетровск.

Зеленски рече дека Русија го довела човештвото „на работ на радијациска катастрофа“, бидејќи руската војска го претворила најголемиот комплекс на нуклеарна централа во Европа, нуклеарната централа Запорожје, во воена зона.

Повиците за претворање на локацијата на нуклеарната централа во демилитаризирана зона доаѓаат од НАТО, ОН и францускиот претседател Емануел Макрон.

За време на денешното обраќање Зеленски ја повика и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја преземе „трајната контрола“ и рече дека „Русија безусловно да престане со нуклеарната уцена и целосно да се повлече од Запорожје“, пренесува лондонски „Гардијан“.

Советот за безбедност на ОН претходно го покани украинскиот претседател да се обрати преку видео врска за време на седницата на Советот за безбедност на ОН, што се одржува денеска и покрај противењето на Русија.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија