Утрински Весник
Македонија

Ја тепал невенчаната жена и не ја пуштал да излезе од дома

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Противправно лишување од слобода од чл.140 ст.2 вв ст.1 вв со чл. 45 и Телесна повреда од чл.130 ст.2 вв ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот, во периодот од 10.10.2021 година до 12.03.2022 година, при вршење семејно насилство, во два наврати и ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил оштетената со која живеел во вонбрачна заедница.

Физички ја напаѓал оштетената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди, а потоа и забранувал со денови да го напушта заедничкиот дом.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје заедно со поднесеното обвинение достави и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице.​​

Можете да прочитате

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка

Стојаноски: Како мнозинство, ние сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

СДСМ има совет за Сиљановска: Имате доволно години и искуство да не го слушате вашиот водач Груевски