Утрински Весник
Македонија

(Видео) Трипуновски: Да се најде решение за производителите на слива, откупната цена е мизерни 8 денари по килограм

„Денеска сум во Делчево и Делчевско на посета и разговор со производителите на слива од овој регион кои во моментов се соочуваат со проблеми на пласман и откуп на сливата од овој регион. Денеска и земјоделците од овој регион протестираат против немањето откуп и ниската откупна цена која во моментов ја понудуваат откупувачите од овој регион, практично цената е мизерни 8 денари по килограм којшто едноставно никој не ги откупува, затоа и го блокираа регионалниот пат, да го изразат своето незадоволство коешто го живеат во моментов“, рече Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој побара да „не трошат пари на луксуз и луксузирање на државен трошок туку навистина да работат во интерес на земјоделците“.

„Само за потсетување, СДСМ во овој регион, во предизборието во 2016 година ветуваше и дестилерии и откупувачи и пласман сигурен на овој земјоделски производ, денеска гледаме дека земјоделците мака мачат како да го предадат својот род“, рече Трипуновски.

Можете да прочитате

Муцунски на тематски состанок во Брисел посветен на проектот „Коридор 8“ 

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка

Стојаноски: Како мнозинство, ние сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии