Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Конкретни придобивки за граѓаните, 225 милиони евра од ЕУ за нашата земја

„СДСМ со своите одговорни политики посветено работи на реализација на стратешките цели на државата и граѓаните, поставени при осамостојувањето на државата. Станавме полноправна членка на НАТО, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија. Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

Тој напомена дека „Европската унија минатиот месец одобри грантови со вкупна вредност од 225 милиони евра за Северна Македонија, за големи инвестициски проекти. Со 150 милиони евра, европски пари, се финансира изградбата на железничкото поврзување со Бугарија во рамки на Коридорот 8 и тоа делот од Крива Паланка до границата со Бугарија“.

Каевски смета дека „европски средства се наменети и за енергетиката, што е особено важно во услови на криза. Од тоа 1,6 милиони ерва за набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица и 5 милиони евра за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа“.

„Ова е само почеток на слевањето на европските инвестициски гранотви во државата. Со помош на европски средства ќе се унапредува инфраструктурата, енергетиката, заштитата на животната средина, а секако тука е и континуираната поддршка од ЕУ за земјоделскиот сектор, која ќе се одвива низ програмите ИПА 3 и ИПАРД 3. Пристапувањето кон ЕУ обезбедува пристап до европските фондови“ вели тој.

Можете да прочитате

Ангелов: Пожарите во Крушје и Локвица ќе бидат потешки за гаснење

Следната седмица повторно високи температури – Скопје до 38 степени

Пуштени првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид