Утрински Весник
Македонија

326 санкции за брзо возење

326 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 326 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 188 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Викендов ни следува нов продор на топол воздух од Африка!

ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија Васев и тројца онколози