По серијата победи на американските демократи во Конгресот, јавната оценка на американскиот претседател Џозеф Бајден се зголеми оваа недела на највисоко ниво од почетокот на јуни, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од Ројтерс и агенцијата Ипсос.
Анкетата покажа дека 41 отсто од Американците го одобруваат работењето на Бајден, а за првпат го поддржуваат повеќе од 40 отсто од анкетираните, пренесува Ројтерс.
Најнискиот рејтинг на Бајден од 36 отсто во анкетите спроведени во мај, јуни и јули е блиску до најнискиот рејтинг на неговиот претходник Доналд Трамп, чиј минимален рејтинг од 33 отсто беше потврден во декември 2017 година.