Утрински Весник
Свет

Шолц ѝ вети поддршка на Украина во војната против Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ѝ вети на Украина континуирана поддршка во војната против Русија.

dobivaj vesti na viber

„ Меѓународната заедница никогаш нема да ја прифати руската нелегална, империјалистичка анексија на украинска територија“, рече Шолц во видео пораката на меѓународната конференција за Крим.

Тој рече дека партнерите на Украина се единствени.

„ Можам да ве уверам дека Германија цврсто стои на страната на Украина, се додека на таа земја ѝ е потребна нашата поддршка“, рече Шолц.

Тој посочи дека Германија и нејзините партнери ќе продолжат да применуваат санкции против Русија и дека ќе ѝ помогнат на Украина финансиски, но и со оружје.

„ Убеден сум дека Украина ќе ги надмине темните сенки на војната, бидејќи е силна, храбра и единствена во борбата за независност и суверенитет и затоа што има пријатели во Европа и во светот“, рече Шолц, кој моментално престојува во Канада.

На самитот на Кримската платформа учествуваат претставници на околу 60 земји и меѓународни организации, вклучително и околу 40 претседатели и премиери, а речиси сите учествуваат преку Интернет.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати