Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Оставката на Бухова нема да ја спаси од одговорност што приватна очна болница оперирала на диво

Вчерашното објавување на оставката на Ирина Бухова од директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат е уште една потврда дека нејзиното директорување и раководење на институцијата е поврзано со многу скандали и криминалии, а следствено на последниот кој што го обзнанивме пред неколку дена, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Последното во низа беше она кое што го објавивме пред неколку денови, дека дозволила, внимавајте дозволила Ирина Бухова иако имало решение за забрана на вршење на оперативна дејност на очна болница, приватна очна болница да продолжи и понатака да оперира на диво во центарот на Скопје, иако не поседувала лиценци за оперативни зафати.

Според Арсовски може да се каже дека едниот дел од нашата цел, да се тргне оваа директорка која не раководи добро со институцијата и ја внесе во десетици криминалии е исполнет, без разлика што не очекуваме подобро решение од власт, што би ја заменило. Но, она што е уште поважно е дека Ирина Бухова сега треба да сноси одговорност за стореното и за лошото менаџирање и сите криминали кои што се направени во таа институција.

Арсовски јавно од говорницата им порача на Ирина Бухова, а потоа и на сите други кои си дадоа оставки и мислеа дека тука им завршила одговорноста, нема да биде така. Ниту едно дело нема да помине неказнето. Бидете сигурни во тоа. Никој ама баш никој нема да избега од одговорност.

Одговорност мора да има. Арсовски го повикува Беким Сали, во најбрз можен рок, заедно со другите институции за спроведување на законите, да отвори истрага за овој случај и да ги изнесе фактите во јавност.

Молкот и оставката на Бухова е само потврда за нејзиното незаконско и криминално работење. Одговорност ќе има, макар и до крајот на светот да бегаат и да се кријат функционерите од власта кои што се огрешиле пред законот, изјави Арсовски.

Можете да прочитате

Арсовска до Тошковски: Да постапеше на време, немаше да има напад

СДСМ: Граѓаните не се чуствуваат безбедни, Тошковски мора да си оди

МВР: Убиецот од Прилеп пукал кон полицијата, фрлил и бомба, но не експлодирала